Дубаи продолжува да се засилува на сите позиции во пресрет на новата евролигашка сезона, во која овој амбициозен клуб предводен од новиот тренер Чави Пасквал дефинитивно ќе нападне место на фајналфор турнирот.
„Црно-белите“ веќе донесоа неколку врвни кошаркари летово, серија што ја продолжија со денешниот трансфер на Торнике Шенгелија, одличниот грузиски крилен центар кој доаѓа од редовите на Барселона.. Шенгелија беше желба на тренерот Чави Пасквал со кого беспрекорно соработуваше во Барса, управата уште пред десетина дена ги договори клучните детали, по што Грузиецот согласно правилата самиот плати 900.000 евра за да може да си замине од каталонскиот гигант (пари што ќе му бидат вратени како бонус за самиот потпис на договорот со Дубаи).
Тој денеска слета во Обединетите Арапски Емирати и по вообичаените лекарски прегледи ќе следи и потпишување на двогодишниот договор.
Дубаи во текот на вчерашниот ден го потпиша и францускиот центар Кокила, кој поради преголемата конкуренција во тимот веднаш беше испратен на едногодишна позајмица во Виртус Болоња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
