Дубаи не запира – потпиша ново топ-засилување, а следен е Шенгелија

Дубаи зема земав по освоената титула во АБА-лигата, па овој амбициозен проект сега со сите сили тргнува по што подобар пласман во Евролигата.

Во тој правец беа ангажирани неколку квалитетни засилувања, а денеска беше официјализиран уште еден топ-трансфер. Станува збор за Мамади Дијаките, одличниот крилен центар кој доаѓа од редовите на Басконија. За овој кошаркар од Гвинеја се интересираа уште неколку евролигаши, но тој ја избра понудата на Дубаи потпишувајќи двогодишен договор со овој клуб.

Дијаките ланската сезона имаше просек од 8,4 поени, 4,3 скокови и 1,2 блокади по натпревар во Евролигата и сигурно ќе претставува големо засилување за тимот на Чави Пасквал.

Дубаи во рекетот лани ги имаше Кабенгеле и Петрушев како главни опции, летово веќе ги доведе Блосомгејм и Дијаките, а допрва се очекув управата да ја исполни големата желба на Пасквал и во Дубаи да го доведе и Торнике Шенгелија.

Грузиецот имаше беспрекорна соработка со тренерот во Барселона, поради што искусниот стратег сака да го доведе како лидер на теренот, но и во соблекувалната. Шенгелија е под договор со Барса, но со клаузула од 900.000 евра што Дубаи е подготвен да ја плати штом ги договори последните детали околу личните услови со самиот кошаркар.

Се вчитува...