Дубаи не застанува: Шенгелија потпишува, а по него и…

Дубаи веќе има 19 кошаркари во својот ростер за следната сезона, но амбициозната управа не планира да застане со aнгажманот на нови кошаркари.

Неколку дена откако беше потпишан Диаките од Басконија, Дубаи ќе комплетира уште еден мегатрансфер. Торнике Шенгелија ќе стане нов член на овој амбициозен проект откако грузискиот ветеран ја уплати сумата од 900.000 евра за да го раскине договорот со Барселона.

Веќе нема никакви дилеми, Грузиецот е слободен на пазарот и веќе договорен со Дубаи, да ја покрие сумата од клаузулата, плус да му даде плата од два милиони евра по сезона.

Новиот тренер Чави Пасквал ќе биде ставен на слатки маки во изборот на играчи, кој ќе стане уште поголем ако се реализира најновиот реализиран трансфер. Дубаи е во интензивни преговори и со германскиот репрезентативец Вајлер Баб, асот кој летово од Ефес се пресели во Асвел, но поради финансиските проблеми на францускиот клуб повторно ќе ги менува клупските бои.

Пасквал верува дека таков дефанзивец на бековските позиции би бил добредојден за неговиот тим, па челниците веќе стартуваа преговори што се во напредна фаза и Вајлер Баб во следните 72 часа би требало да го комплетира трансферот во редовите на шампионот на АБА-лигата.

Се вчитува...