Дубаи се стопи во „пеколот“ во Подгорица, Будуќност се избори за мајсторка

Прашањето на вториот финалист во АБА кошаркарската лига ќе биде решено во четврток во Зеница, затоа што кошаркарите на Будуќност го победија Дубаи во Подгорица со 91-90, и го одведоа мечот во „мајсторка“.

Почетокот на мечот им припадна на гостите, кои имаа предност, потоа Будуќност врати, па повторно Дубаи поведе, за на крајот да заврши со „егал“. Во вториот период домашните кошаркари носени од својата публика се стекнаа со предност од +7 (34-27), но Дубаи се врати, дури едно време и поведе, но на крајот црногорскиот тим замина со +4 на пауза.

Будуќност одлично го одигра третиот период, во кој се стекна со двоцифрена предност, а потоа на стартот од четвртата четвртина Дубаи успеа да намали, и да дојде до „егал“ 83-83. Благодарение на серијата од 5-0, повторно домашните направија предност. Дубаи се обиде да се врати, но не успеа. На крајот дојде до само еден поен благодарение на тројката на Кабенгеле и имаше уште пола минута до крајот, меѓутоа беше предоцна да стори нешто повеќе и да се „заклучи“ серијата.

Кабенгеле од Дубаи беше најефикасен со 25 поени, додека кај Будуќност Сулаимон со 16 беше најдобриот поединец.

Се вчитува...