Дуел на подмладоците: Металург му се одмазди на Вардар

Ракометарите на Металург 2 славеа во дербито на дното од Супер-лигата против Вардар јуниор, триумфирајќи во Кале со минимални 27-28, на тој начин одмаздувајќи му се на подмладокот на „црвено-црните“ за поразот во „Автокоманда“ претрпен во првиот дел од сезоната.

И денешниот натпревар исто како и оној првиот мина во израмнета игра на двете страни, со тоа што „металурзите“ овојпат беа поумешни во завршницата. Тимот предводен од Раде Стојановиќ на клупата имаше водство во поголемиот дел од мечот, „вардарци“ неколку пати се враќаа, но „црвено-црните“ немаа сили за целосен камбек и пресврт во последните пет минути, кога Шилегов и Гајиќ ги постигнаа клучните погодоци за гостинскиот тим.

Танкоски со 11 и Шилегов со пет гола беа најдобри стрелци кај Металург 2, додека Трпчевски со седум погодоци беше најефикасен во редовите на Вардар јуниор.

Се вчитува...