Дуелите меѓу Вардар и Шкендија секогаш носат возбуда (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар се спаси од пораз бидејќи Шкендија водеше со 0-2, но можеби и голманот Беким Реџепи ги спаси од пораз тетовци во Скопје. Дуелите меѓу двата најдобри тима секогаш носат допадлив фудбал, возбуда и многу голови. Така беше и денеска на арената „Тодор Проески“. На Шкендија и припадна првиот дел, го одбележаа одличните одбрани на Реџепи и прекрасниот гол на Бесарт Ибраими.

Но, Вардар блесна во вториот дел и не дозволи пораз. Бојан Колевски и Реис Жуниор успеаја да донесат израмнување и надеж за Вардар дека може да ја елиминира Шкендија во Тетово. Четири гола, реми (2-2) и отворено прашање околу патникот во четвртфиналето на Купот.

 

 

Се вчитува...