Првото коло од новата сезона во македонската Прва фудбалска лига денеска продолжува со два натпревари, но едниот од нив ќе започне со задоцнување.
Дуелот во Струга, каде домашниот тим го пречекува новиот прволигаш Шкендија Арачиново, наместо во 17 часот, ќе започне најмалку половина час подоцна, односно во 17.30 часот.
Од таборот на Струга преку социјалните мрежи веќе ја потврдија оваа промена на сатницата. За гостинскиот тим од Арачиново ова воедно ќе биде и историски, прв натпревар во најсилната фудбалска конкуренција во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
