Дурант бесен на новинарите: Не ве интересира кошарка (ВИДЕО)

Ѕвездата на НБА шампионот, Голден Стејт, Кевин Дурант, по триумфот на неговата екипа над Сан Антонио се пресмета со дел од новинарите присутни на прес конференцијата. Изреволтиран од колумна во која било посочено дека од следната сеозна ќе настапува за Њујорк Никс, Дурант побара повеќе да се зборува за кошарка, а помалку за наводни трансфери и обвини дека медиумите само ги потпалуваат навивачите.

„Едноставно не ви верува. Секогаш кога ќе кажам нешто, ми ја извртувате изјавата, ми ги извртувате и ми ги извлекувате од контекст изјавите. Се обидувате да ми закачите туѓи зборови. И потоа кога нема да кажам ништо правите прблем. Само сакам да одам на тренинзи и да си одам дома. И тоа е се“ – рече Дурант.

Кога портпаролот им се обрати на новинарите давајќи им шанса да постават кошаркарско прашање, Дурант си стана велејќи„Во ред е готов сум. И така ништо од тоа не ги интересира“.

 

Се вчитува...