Голден Стејт по трите победи во низа синоќа претрпе нов пораз, и тоа по трилер-дуелот со Торонто репторс што актуелните шампиони го загубија со 131-128. „Воините“ имаат за што да жалат бидејќи во своите редови го имаа неверојатниот Кевин Дурант, кој постигна 51 поен. Крилниот кошаркар погоди тројка со која го одведе мечот во продолжение, но „рептилите“ сепак најдоа начин да ги натераат „воините“ на капитулација.
Голден Стејт и на овој натпревар настапи без помошта на Стеф Кари, за кого тренерот Кер најави дека ќе се врати во тимот на саботниот натпревар со Детроит пистонс. На спротивната страна, најдобар поединец кај Торонто беше Леонард со 37 поени.
Тимот на ЛА клиперс триумфираше на гостувањето во Сакраменто со 121-133, деветта победа во последните десет меча на овој тим, кој се наоѓа на врвот на Западната конференција. Харис со 28 и Харел со 24 поени беа најдобри поединци во победничкиот тим, додека на Сакраменто не му помогна ниту одличното издание на Богдан Богдановиќ, кој го заврши мечот со 26 поени и шест асистенции.
Леброн Џејмс го предводеше составот на ЛА лејкерс до победа на мечот со Индијана (104-96). Тој реализираше 36 поени, девет скока и седум асистенции, за дванаесетта победа на лејкерси сезонава (наспроти девет порази)
Резултати НБА:
Торонто – Голден Стејт 131-128 (по прод.), ЛА лејкерс – Индијана 104-96, Сакраменто – ЛА клиперс 121-133.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА