Дурант го пропушта и четвртиот натпревар од финалето, Томпсон се враќа

Кевин Дурант ќе го пропушти и четвртиот меч од финалната серија во НБА лигата против Торонто. Тренерот на актуелните шампиони, Голден Стејт Вориор, Стив Кер нема да биде во ростерот се додека не тренира заедно со остатокот од тимот.

Добра вест за навивачите на „воините“ е враќањето на Клеј Томпсон, кој најверојатно ќе биде подготвен за четвртиот меч од серијата.

Во финалната серија Торонто води со 2-1, а следниот натпревар се игра во ноќта меѓу петок и сабота.

 

Се вчитува...