Дурант мора во изолација – Бруклин четири меча без својата прва ѕвезда

Кевин Дурант ќе мора во седум дневен карантин бидејќи бил во контакт со лице кое е позитивно на коронавирус. Дурант беше позитивен на Ковид-19 во текот на летото, но поради протоколите кои ги пропишува НБА, мора во карантин.

Тој седум дена нема да биде дел од тимот на Бруклин, што значи дека ќе ги пропушти следните четири натпревари на Нетс. Ова е нов проблем за тимот кој е конкурент за шампионската титула бидејќи претходно за цела сезона поради повреда го загубија и Спенсер Динвиди.

Дурант сезонава просечно уфрла по 28,2 поени, надополнети со седум скока и 4,8 асистенции.

Се вчитува...