Дурант: Околу Леброн е комплетно токсично опкружување…

Кевин Дурант го кажа своето мислење зошто НБА ѕвездите не сакаат да играат со најдобриот кошаркар на денешницата, Леброн Џејмс.

„Доколку сте Кајл Корвер тогаш спојување со Џејмс во тим има смисла затоа што неговиот талент може да се види само ако покрај себе има водач. Но, ако сте Каваи Ленард тогаш спојување со Џејмс нема смисла. Ленард ужива да има топка во раце, го контролира нападот, диктира темпо, игра на пост… Многу такви млади кошаркари го развиваат тој дел од играта и не им е потребен некој играч како Леброн околу нив“ – вели Дурант.

Во НБА круговите веќе интензивно се спомнува дека Дурант од следната сезона ќе му се придружи на Леброн во ЛА Лејкерс.

„Многу е токсично опкружувањето на Леброн. Има многу навивачи и медиуми. Дури и репортерите се пристрани, па некогаш помислувам дека не е се во кошарката. Зошто некој би сакал да биде во такво токсично опкружување? Тоа не е грешка на Леброн, само има многу медиуми кои сакаат баш да се фатат за секој искажан збор“ – вели Дурант.

Се вчитува...