Дурент: Ме боли од дното на душата, но оваа победа беше како текила

Кевин Дурент заработи тешка повреда при камбекот на терените и обидот да му помогне на Голден Стејт во оваа финална серија. Големиот ас најверојатно го очекува долга пауза од терените, но Дурент веднаш по триумфот на „воините“ во Торонто 0белодени дека победата на соиграчите била „лек за душата“ за него.

„Нашите навивачи ќе бидат многу гласни за шест натпревар од финалето. Ме боли од дното на душата, но кога ги видов моите браќа како стигнуваат до победата, тоа за мене беше како текила, ми даде нов живот“ – порача Дурант преку својот инстаграм-профил.

Нема дилеми дека крилниот кошаркар нема да може да се врати до крајот на сезонава, но спортската јавност е во исчекување на резултатите од деталните лекарски прегледи, кои ќе ги дадат и првите прогнози околу должината на паузата. Кај „воините“ постои сериозно стравување дека станува збор за кинење на тетивата, што би значело дека Дурент ќе ја пропушти целата сезона 2019/2020.

Се вчитува...