Дурент отпатува за Канада, би можел да игра на вториот натпревар од финалето

Ѕвездата на актуелниот шампион Голден Стејт, Кевин Дурент, отпатува со тимот за Канада каде што треба да бидат одиграни двете воведни средби од финалната серија за титулата во НБА лигата. Тој дефинитивно нема да го одигра првиот меч против Торонто, но според најавите би можел да му помогне на неговиот тим во втората сердба.

Дурент се повреди на петтиот натпревар од серијата против Хјустон, беше МВП на двете претходни финалиња во лигата. И во неговото отсуство, Голден Стејт има одлична резултатска серија, пет последовни победи, една против Хјустон и четири против Портланд.

Финалната серија тргнува ноќта четврток кон петок по македонско време, Торонто поради подобриот биланс ја има предноста на домашен терен.

Се вчитува...