Дурент рече НЕ, за да извлече максимум од Голден Стејт

Кевин Дурент ја одбил опцијата за дополнителна година плус во Голден Стејт за 31,5 милиони долари и станува неограничен слободен агент. Според доброинформирани извори, Дурент е во Њујорк и заедно со бизнис агентот ги проценува можностите како слободен агент. Периодот за слободни агенти во НБА лигата почнува в недела.

Според некои извештаи, Бруклин е заинтересиран за Дурент како и за Кајри Ирвинг за кого исто така се очекува да се ослободи од договорот со Бостон.

Иако предвидувањата се дека Дурент ќе ја пропушти целата следна сезона за него има голем интерес. Покрај Бруклин, во игра е и Њујорк, но и неговиот досегашен клуб, Голден Стејт.

Кевин Дурент кој е десеткратен Ол-стар играч, двоен МВП на финалињата на Лигата се повреди за време на петтиот натпревар од финалната серија против Торонто.

 

Се вчитува...