Кевин Дурент беше критикуван што не му помага на својот тим кој очигледно се мачи во финалната серија со Торонто. Ѕвездата на Голден Стејт стисна заби за да заигра на петтиот меч во Торонто, но веќе во втората четвртина заработи тешка повреда.
Тој се повреди при еден обид за дриблинг, по што се фати за десната нога во пределот над петата, жалејќи се на проблем со тетивата. Соиграчите беа во шок, Дурент се повлече на клупата за резерви и повеќе не се врати на теренот, но Голден Стејт и без негова помош успеа да слави со 105-106 и да намали на 2-3 во победи во финалната серија.
Сепак, никому во таборот на актуелниот првак не му беше до славење поради повредата на Дурент, за кого во случај на потврда на стравувањата – кинење на тетивата би можела да значи и пауза од цела година од кошаркарските терени.
Kevin Durant appears to aggravate his calf injury and heads to the locker room early in the second quarter. pic.twitter.com/VXu3SmTS8Y
— SportsCenter (@SportsCenter) June 11, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА