Дури 10 играчи летово ќе ја напуштат Барса

Екипата на Барселона ова лето може да раскине со 10 фудбалери. Раководството на „Каталонците“ планира да го реновира тимот за следната сезона, а сето она на кое нема да смета Чави, ќе го напушти клубот.

Чави наводно им соопштил на Рики Пуч, Оскар Мингеза, Маргин Брајтвајт и Самуел Умтити да си бараат нови клубови. Тука влегуваат и Клемен Ленгле, Миралем Пјаниќ, Франциско Тринкао, а исто така Барса нема да ги откупи и Адама Траоре и Лук де Јонг.

Неизвесна е ситуацијата со Усман Дембеле кој е пред трансфер во Баерн Минхен, а нов договор ќе добие и Дани Алвес.

Поради средување на финансиската ситуација, Барса може да се откаже и од Мемфис Депај и Френки де Јонг.

Се вчитува...