Дури 86% од Португалците сметаат дека нивната селекција без проблеми ќе ја победи Македонија

Португалија се загрева за пресметката со Македонија на 29. март во Порто во финалето од баражот за пласман на СП 2022.

Според ставовите пренесени во португалските медиуми, на Португалците им олесна откако видоа дека нема да се соочат со Италија во финалната пресметка, иако со прикриено истакнување дека Македонија не смее никако да се потцени.

Сепак, според анкетата во португалските медиуми, дури 86% од Португалците сметаат дека нивната репрезентација без никакви проблеми ќе ја победи Македонија. А, само нешто помалку од 14% мислат дека Португалија нема да победи на натпреварот.

На македонската репрезентација малку кој и оставаше можност и за триумф над европскиот шампион Италија во Палермо, но избраниците на Боби Милевски успеаја да го изненадат фудбалскиот свет.

Се вчитува...