Дури по продолженија, прва победа на Хјустон против Голден Стејт (ВИДЕО)

Во првиот натпревар од полуфиналната серија во Западната конференција, Хјустон дојде до триумф над Голден Стејт и намали на 2-1 во победи. На „рокитс“ им беше потребно едно продолженија од пет минути за да дојдат до триумфот од 126-121. Ќе имаат можност и за израмнување во серијата ако го добијат и вториот натпревар во Тексас закажан по два дена.

Хјустон водеше во речиси целиот регуларен тек од натпреварот, имаше и двоцифрена предност, но шампионот се врати во завршниот сегмент, водството се менуваше, а на 38 секунди пред крајот Голден Стејт имаше 112-110 и можност за нов триумф. Сепак Џејмс Харден го донесе израмнувањето и продолжението во кое Хјустон беше подобар со 14-9.

Харден постигна седум од 14-те поени во дополнителните пет минути, средбата ја заврши со 41 поен. Ерик Гордон постигна 30, а Клинт Капела придонесе со дабл-дабл ефект од 13 поени и 11 скока. Кај гостите, Дрејмонд Грин имаше трип-дабл учинок од 19 поени, 11 скока и 10 асистенции, а прв стрелец во тимот беше Кевин Дурент со 46 поени.

 

Се вчитува...