Многу интересна вест доаѓа од Холандија, поврзана со капитенот на српската репрезентација Душан Тадиќ. Ајакс зад себе има катастрофална сезона во која во еден момент беше на последното место на табелата. Во меѓувреме, „копјаниците“ се подобрија и моментално се петти на табелата, со изгледи за пласман во Европа.
Лошите резултати на тимот од Амстердам се поклопија со заминувањето на Душан Тадиќ од клубот, Србинот го засили турскиот Фенербахче. И сега Ајакс, барем според информациите и тоа како се покаја.
Ниту на новиот тим на Тадиќ не му оди, бидејќи Фенербахче е прилично далеку од титулата шампион на Турција, Галатасарај има предност од четири бода, четири кола до крајот, но и големо дерби пред своите навивачи. Затоа, во случај на неуспех, Фенер најавува ремонт на тимот, а Тадиќ е на удар на критика од турската јавност.
Холандските медиуми дека Ајакс би бил подготвен да му понуди на Србинот тренерско место многу брзо, веројатно откако ќе ја заврши играчката кариера. Тадиќ има уште една година од договорот со Фенербахче со загарантирана плата од седум милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА