Душебаев: Победата е најважна

Десниот бек, Алекс Душебаев со седум гола беше најефикасен во победата на Вардар против ППД Загреб во дуелот до Лигата на шампионите. Добриот почеток и сигурната игра во првиот дел, според Душебаев го решија победникот во денешниот меч и на „црвено-црните“ им донесоа бодови за лидерска позиција во групата.

„Почнавме многу добро, одлично го одигравме првото полувреме и завршивме со шест гола разлика. Добро го почнавме и второто полувреме. Имавме шест-седум гола преднсот, но во последните петнаесетина минути имавменаправивме неколку грешки. Загреб ја смени одбраната, имавме малку проблем со тоа, но издржавме. Секогаше е тешко да се игра против екипа како што е ППД Загреб. За нас, сепак, е најважно што ги освоивме бодовите. Сега треба да се подготвиме добро за следниот натпревар со Пик Сегед. Нема опуштање“ – истакна Алекс Душебаев.

Се вчитува...