Душеците непланирано го „открија“ составот на Белгија за СП!

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, најави дека листата од 23 фудбалери за СП во Русија ќе ја објави во понеделник кога истекува последниот рок, но, по се изгледа, составот е веќе одреден и тоа случајно излезе во јавноста. Списокот на Белгијците за СП го „открија“ душеците!

Белгиска телевизија „ВРТ“ емитуваше прилог за специјално приспособените душеци на кои ќе спијат белгиските фудбалери во Русија. На снимката на која белгиските душеци се подготвуваат за транспорт во Русија, се гледаат имињата на фудбалерите на кои им се наменети.

На поширокиот список на Мартинез се 28 играчи, но на прилогот се покажани само 23 душеци. Судејќи според имињата на душеците, од списокот на патици за Русија отпаѓаат голманот Мат Селс, дефанзивците Кристијан Кабаселе и Џордан Лукаку, од средниот ред Леандер Дендонкер и напаѓачот Аднан Јанузај.

Белгијците утре ќе играат подготвителен натпревар против Португалија во Брисел, на 6 јуни ќе бидат домаќини на Египет, а на 11 јуни ќе ја имаат последната проверка пред СП против Костарика.

На СП во Русија, Белгија е во групата со Панама, Тунис и со Англија.

Се вчитува...