Дутра е МВП, Манасков најдобар стрелец а Ристовски најдобар голман на Ф4 од Купот на Македонија (ФОТО)

По извонредната своја партија во финалето Леонардо Дутра е прогласен за МВП на завршниот турнир од Купот на Македонија кој се играше во Охрид.

Вардар го одбрани трофејот всо триумфот од 26-25 против големиот ривал Еурофарм Пелистер, во мечот во кој Дутра беше најдобар поединец на паркетот во Охрид.

Наградата за најдобар голман ја доби Борко Ристовски, додека Дејан Манасков заврши како најдобар стрелец.

Вардар со триумфот против Еурофарм Пелистер дојде до 16-от пехар во историјата.

Се вчитува...