Два часа по дебаклот од ПСЖ, Гризман со приватен авион замина од Барселона (ВИДЕО)

Барселона доживеа дебакл во првиот натпревар од двомечот против ПСЖ (1-4) во осминафиналето на Лигата на Шампиони, па по натпреварот играчите на каталонскиот клуб и тренерот Куман добија жестоки критики од шпанските медиуми. Фокусот посебно беше насочен кон Антоан Гризман, кој покрај тоа што во текот на натпреварот влезе во жестока вербална расправија со Пике, се одлучи со приватен авион да замине од Барселона во непознат правец.

Новинарите кои го затекнаа фудбалерот на аеродром му поставуваа незгодни прашања на кои Французинот избегнуваше да даде одговор, се додека еден од нив не го праша, „Зошто ја напуштате Барселона“, на кој напаѓачот на каталонскиот клуб му одговри, „Што ви е вам, зошто тоа ме прашувате“.

Играчите на Барселона добија одмор од два дена по натпреварот, но критичарите го нападнаа Французинот за прекршувањето на сигурносните мерки и полицискиот час кој во Шпанија започнува од 22 часот.

 

Се вчитува...