Два гола на Пешевски, пораз на Мотор Запорожје

Втор натпревар и втор пораз за украинскиот Мотор Запорожје на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите. Тимот за кој настапува макеоднскиот репрезентативен пикер, Жарко Пешевски на гостувањето во Данска загуби од Скјерн во мечот во кој беа постигнати 70 гола (37-22).

Скјерн имаше контрола на играта и позитивен резултат во текот на целиот натпревар. Мотор дојде на еден гол негатива, немаше сили за пресврт.

Пешевски постигна два од два, а најефикасни во Мотор беа Пачковски и Малачинскас со по седум гола. Кај Скјерн прв стрелец беше  Мирхол со осум гола.

Се вчитува...