Два златни и еден бронзен медал за кикбоксерите на „Адора“ од Европскиот куп во Вараждин (ФОТО)

Два златни и еден бронзен медал освоија кикбоксерите на клубот КБК „Адора“  во конкуренција од 1738 натпреварувачи од 31 држава на Европскиот куп „Вараждин опен“ 2026 кој се одржа во Хрватска изминатиов викенд.

Стефан Чанѓановиќ освои прво место во дициплина Кик Лајт, во категорија до -63,5 килограми, победувајќи го во финалето грчкиот претставник за златен медал.

Калин Бабовски, постари јуниори, -63.5 килограми во Лоу Кик дисциплина, во првата борба победи против противник од Израел (победа со технички нокаут во втора рунда), во полуфиналето славеше против уште ден израелски репрезентативец за даа во финалето го победи претставникот на Ирска.

Пецевски Марио, постари јуниори – 75 килограми, Лоу Кик Дисциплина, освои бронзен медал.

Мимо Чурак, постари јуниори, -71 килограм, Лоу Кик Дисциплина, загуби во првата борба од хрватскиот репрезентативец.

Се вчитува...