Дваесет минути за Елмас во поразот на Наполи од Сасуоло (ВИДЕО)

Наполи загуби од Сасуоло со минимални 0-2 во 6. коло од италијанската Серија А. Сасуоло на овој меч им го нанесе првиот пораз на наполитанците на домашен терен. Гостите поведоа во 58. минута со голот на Локатели од пенал, а конечните 0-2 ги постави Лопез во 93. минута.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во последните дваесет минути на мечот откако во 70. минута влезе на местото на Дрис Мертенс. Сасуоло го има убедливо најдобриот старт на сезоната во историјата и по шест кола се наоѓа на втората позиција на табелата со 14 бода. Наполи останува петти со 11 бода.

Во вториот натпревар од 18 часот, Рома рутински ја совлада Фиорентина со 2-0.

 

Се вчитува...