Двајт Хауард се враќа во ЛА Лејкерс

По новата тешка повреда на ДеМаркус Казинс, ЛА Лејкерс тргнаа во потрага по негова замена на центарската позиција, па ја пронајдоа во името на Двајт Хауард.

33-годишниот Хауард ја заврши соработката со Мемфис, и сега како слободен играч е подготвен да потпише за Лејкерси. Некогаш најдобриот дефанзивец во НБА лигата во последно време имаше проблеми со грбот. Минатата сезона влезе како член на Вашингтон, за да летово биде трејдован во Мемфис.

Хауард дресот на ЛА Лејкерс го носеше во сезоната 2012/2013 кога пристигна како големо засилување од Орландо, но не ги оправда очекувањата.

Се вчитува...