Двајца клучни играчи се враќаат: Милан комплетен за дуелот со Фиорентина

Неочекуваниот пораз на Интер од Болоња широко ја отвори вратата за Милан да ја освои шампионската титула во Калчо-лигата. „Росонерите“ имаат предност од два бода во однос на градскиот ривал и се господари на сопствената судбина, но избраниците на Пиоли немаат нималку лесна задача ако се знае дека до крајот на сезоната ги очекуваат домашни средби со Фиорентина и со Аталанта, како и гостувања против незгодните Верона и Сасуоло.

Тренерот Пиоли доби добри вести пред претстојниот меч со Фиорентина, откако Златан Ибрахимовиќ и Исмаел Бенасер ги надминаа проблемите со повредите, го издржаа целиот денешен тренинг и се наметнаа за место во стартниот тим против „виолетовите“ од Фиренца.

Ибрахимовиќ по асистенцијата за клучниот гол против Лацио ќе биде меѓу првите единаесетмина, каде ќе го заземе местото на Оливие Жиру. Бенасер е клучен играч во средниот ред крај Тонали, во стартните единаесетмина ќе има место и за Кеси, а единствената дилема на Пиоли е дали во нападот крај Ибрахимовиќ и Леао да се најде Брахим Дијаз или Месијас.

Се вчитува...