Двајца лекари ќе одговараат за убиство без умисла во „случајот Астори“

Обвинителството во Италија се подготвува да покрене обвиненија за „убиство од небрежност“ против двајца доктори инволвирани во смртта на фудбалерот Давиде Астори. Лекарите, еден од Фиренца, а еден од Калјари, наводно биле свесни дека Астори има проблеми со срцето, а не го спречиле да игра фудбал.

Во десет месеци истрага првпат во јавноста излегуваат информациите за наводна лекарска грешка во случајот со капитенот на Фиорентина.

Кога почина Астори, кој беше пронајден во хотелска соба, беше констатирано дека имал „тахиаритмија“. Сепак, откриено е дека трагично починатиот фудбалер бил на прегледи воп 2016 и во 2017 година, кога биле забележани аномалии во работата на срцето. Споменатите лекари тоа го премолчеле и токму затоа сега се соочуваат со можно обвинение.

 

Се вчитува...