Двајца Македонци меѓу најдобрите пет стрелци на СП

Светското Првенство за ракометари до 19 години што се одржуваше во Скопје заврши со историска прва круна за Египет, додека Македонија го заврши на 13. позиција.

Како утеха за „црвено-жолтите“ останува фактот дека на големата сцена блеснаа двајца одлични ракометари, кои наскоро очекуваме да бидат со позначителна минутажа и во сениорскиот состав. Мартин Серафимов и Ненад Костески беа лидери на македонскиот состав во нападот, по што двајцата се пласираа меѓу најдобрите пет стрелци на овој Мундијал.

Серафимов е второпласиран со 49 гола, исто колку и Мохамед Мохамед од Бахреин, додека Костески се наоѓа на петтото место на листата на стрелци со 46 постигнати погодоци. Најдобар стрелец на овој светски шампионат беше Хасан Валид Ахмед од Египет со 51 постигнат гол.

Се вчитува...