Двајца не можеа да го запрат: Тргнете му се од патот на Дончиќ (видео)

Лука Дончиќ настапува со болки во коленото, но тоа не го спречува со извонредни потези да докажува зошто е главен фаворит за признанието „дебитант на годината“ во НБА-лигата.

Младиот Словенец блесна во самиот финиш од натпреварот со Денвер, кога во последниот напад, при негатива од 98-97 ја презеде одговорноста… и тргна моќно кон противничкиот кош. Двајца кошаркари на Денвер се обидоа да го спречат, но не успеаја тоа бидејќи Дончиќ ја заокружи оваа соло-акција со атрактивно забивање.

За жал на Дончиќ, оваа мајсторија не беше доволна и за конечна победа бидејќи на спротивната страна Никола Јокиќ погоди со звукот на сирената за триумф на Денвер.

Се вчитува...