Двајца повредени, пукотници и стампедо на парадата во Торонто (ВИДЕО)

Полицијата во Торонто потврди дека има две жртви со сериозни, но не животозагрозувачки повреди по инцидентот за време на парадата на која се прославуваше шампионската титула на Торонто Репторс. Инцидентот кој се случи додека траеја говорите на бината, ја прекина за кратко програмата, а од присутните на плоштадот беше побарано да останат мирни. Полицијата уште информира и дека има две приведени лици.

На парадата на шампионите имаше околу два милиони навивачи низ улиците на градот па играчите со отворениот автобус до плоштадот стигнаа со огромно задоцнување. На прославата присуствуваше и премиерот на Канада, Џастин Трудо, како и најславниот навивач на Торонто, Дрејк.

 

 

Се вчитува...