ДВЕ ИЗМЕНИ ВО СОСТАВОТ: Без Чурлинов, со Елмас, Трајковски и Ристовски во нападот

ЕКИПА во Порто, Португалија

Владимир Булатовиќ

Елиф Елмас и Тихомир Костадинов веднаш се вратија во составот на Македонија. Откако двајцата паузираа на дуелот со Италија поради картони, сега и двајцата се најдоа во стартните 11 на Благоја Милевски на „Драгао“ во Порто.

Елмас ќе оди по левата страна, евентуално да ротира на средината, додека Костадинов ќе го завземе своето место како последен играч за врска.

Нема измени во одбраната на нашиот национален тим. Стандарно, на  голот е Димитриевски, во одбраната Стефан Ристовски, Велковски, Муслиу и Алиоски. Средината ќе биде сочинета од Костадинов, Адеми и Барди, потоа Елмас и Трајковски по крилните позиции и Милан Ристовски во нападот.

Николов и Чурлинов се двајцата играчи кои отпаднаа од почетниот состав со Италија.

Се вчитува...