Две победи на Охрид против Рилски спортист

Кошаркарите на Охрид влегоа во победнички ритам во подготвителниот период, откако славеа на двете средби против бугарскиот прволигаш Рилски спортист.

Откако вчера со голем пресврт стигнаа до победа од 79-78, избраниците на Марјан Илиевски денеска славеа нешто поубедливо, со конечни 76-72. Охриѓани одлично го почнаа натпреварот, поведоа со 24-15 по првата четвртина и потоа го контролираа резултатот до самиот крај.

Ајуква беше најефикасен при денешната победа со 21 поен, пред Штерјов со 14 и Мијајловиќ со 11 постигнати поени.

Се вчитува...