Две ремек-дела: Блажевски и Фелипе во Топ 10 голови на Лигата на Европа

Двајца фудбалери на Вардар, Дејан Блажевски и Фелипе, се најдоа на топ-листата од десетте најубави погодоци постигнати во изминатата сезона од Лигата на Европа.

Рангирањето беше извршено од страна на УЕФА, а на него Блажевски го освои деветтото место со извонредниот волеј против Зенит, додека Фелипе е шестопласиран со фантастичниот лоб во финишот од гостувањето против Розенборг.

Двете ремек-дела на „вардарци“, како и целокупната топ-листа можете да ја проследите на следниот ЛИНК .

Се вчитува...