Две злата за македонските каратисти на меѓународниот турнир „Трофеј на Македонија“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонските каратисти освоија две златни медали на традиционалниот меѓународен турнир „Трофеј на Македонија“ кој трета година се одржува во нашата земја. Златно одличје за Македонија донесоа Ангела Мојсовска во категоријата до 68 килограми во женска конкуренција и Пулексенија Јованоска во кати.

Најдобриот спортист на Македонија за 2018 година, Емил Павлов освои бронза во -60 килограми. Од останатите каратисти кои се натпреваруваа на турнирот, сребрени беа Глигор Петков (-84кг) и Ненад Келебиќ (-67кг.), Абдурахим Идризи (-60кг) и Сара Радичевска (-50кг.) Со бронза покрај Емил Павлов се закиттија и Јована Георгирва (-55кг.), Моника Стефановска (-68кг.), Роберто Ацковски (-67кг.), Петар Заборски (-75кг.), Петар Спасеновски (-84кг) и Жарко Арсовски (+84кг.).

На турнирот учествуваа најдобрите каратисти од Македонија, Турција, Албанија, Косово и Бугарија.

Се вчитува...