Двејн Бенџамин – МВП на БИБЛ-лигата

ЕКИПА во Самоков,

Стеван Цаневски, Роберт Сасовски

Кошаркарот на Блокотехна, Двејн Бенџамин, е избран за најкорисен кошаркар во БИБЛ-лигата за натпреварувачката сезона 2017/2018.

Американскиот ас игра извонредна сезона за македонскиот претставник, во просек бележејќи по 19,2 поени, 6,1 скокови и 2,1 асистенции по натпревар. Признанието, кое е апсолутно заслужено, Бенџамин го доби непосредно пред почетокот на втората полуфинална средба на Ф4 турнирот меѓу Рилски спортист и Башкими.

Штета е што Американецот не беше во можност да го даде максимумот на денешниот дуел со Левски, поради повреда на рамото што го мачи извесно време. Тој се обиде да настапи, но при една атрактивна блокада на стартот од второто полувреме ја обнови повредата и не беше во можност да помогне во клучните моменти.

Се вчитува...