Двејн Вејд демонстрира класа и со 37 години… (ВИДЕО)

Ѕвездата на Мајами, Двејн Вејд брилјираше во синоќешниот натпревар против Оклахома во НБА лигата за триумф на својот тим.

Вејд ја одигра најдобрата партија сезонава постигнувајќи 25 поени, дополнети и со по пет скока и асистенции. Единствено поефикасен од него кај гостите беше Драгиќ со 26 поени. Кај Оклахома се издвои Пол Џорџ со 31 поен и девет скока.

Сан Антонио го пречека Голден стејт и го победи со 111-105. Спарс до победата беа водени од ДеРозан со 26 поени, плус и со девет скока и осум асистенции. Кај поразениот тим најдобар беше Стеф Кари со 25 поени, осум асистенции и седум скока.

Се вчитува...