Двејн Вејд: Кога ќе заврши сезонава, ќе морам на психијатар

Ѕвездата на Мајами, Двејн Вејд ја игра последната сезона за клубот и воопшто во НБА кариерата. По 16 години во најсилното кошаркарско првенство, шампионот од 2006, 2012 и од 2013 година како и петти пик на драфтот во 2003 година се збогува со професионалната кариера, а ако Мајами не влезе во плеј-офот, има уште само три натпревари за играње.

„Ќе бидам на терапија. Ќе биде голема промена за мене. Веќе и кажав на жена ми дека ќе ми треба терапија и ќе мораме да работиме на тоа. Секогаш сум бил против тоа некој непознат да ми кажува како да го живеам животот или да ми дава насоки, но ќе треба со некого да разговарам на оваа тема. Иако имам уште многу работи да доживеам, можно да бидат и големи, но тоа нема да биде ова. Се е биде многу поинаку“ – вели Вејд.

Мајами се бори за пласман во разигрувањето, во моментов се наоѓа на деветтата позиција на Исток, а има уште три дуели до крајот на регуларниот дел, гостувањата кај Торонто и кај Бруклин, а меѓу нив домашниот дуел со Филаделфија.

Се вчитува...