Двоен проблем за Барса: Чави без клучни дефанзивци во пресрет на Ел Класико

Репрезентативната пауза донесе неочекувани проблеми за Чави, откако тренерот на Барселона за 24 часа остана без двајца стандардни првотимци. Проблемите се уште поголеми ако се знае дека Барса веднаш по паузата ја очекува двомеч со Интер кој ќе биде клучен за пласманот во осминафиналето од ЛШ, а за 16 октомври е закажано големото дерби на Ла Лига против Реал Мадрид.

Главоболките се појавија на почетокот од синоќешниот дуел меѓу Франција и Австрија, откако Жил Кунде поради повреда на мускулот мораше да биде заменет уште во првото полувремето. Засилувањето од Севилја веднаш се врати во Барселона, каде деталните прегледи ќе утврдат колку ќе изнесува паузата, но лекарите не се големи оптимисти дека Кунде би можел да се врати во терените во наредните дваесетина дена.

Проблемите се зголемија откако денеска при настап за Уругвај се повреди и Араухо, стандардниот дефанзивец кој стартуваше на седум од првите осум овосезонски дуели на Барса. Врз Араухо утре наутро ќе бидат извршени прегледи по што ќе се знае кога тој ќе може да се врати на терените, но јасно е дека евентуалното отсуство на овие двајца фудбалери значително ќе ги намали шансите на Барса за продолжување на серијата добри резултати во Ла Лига.

Се вчитува...