Двоен удар за Њукасл – битката за опстанок стана уште потешка

Борбата за опстанок на Њукасл уште повеќе се искомпликува по повредите на двајца стартери во тимот на Стив Брус, кои сега ќе мора да минат подолг приод надвор од терените.

Ремито со Вулверхемптон се покажа кобно за Алан Сен Максиман, кој го повреди мускулот, како и за напаѓачот Мигел Алмирон, кој мораше да биде заменет поради проблеми со коленото. Лекарскиот тим на Њукасл објави дека двајцата ќе паузираат најмалку до почетокот на април, а ако се знае дека во истиот период се очекува и камбекот на најдобриот стрелец Калум Вилсон јасно е дека „црно-белите“ ќе бидат сериозно ослабени за претстојните премиерлигашки битки.

Њукасл во текот на месец март го очекуваат гостувања против ВБА и Брајтон кои ќе бидат од исклучително значење во битката за опстанок, како и домашен меч со Астон Вила.

Се вчитува...