„Двојна рампа“ на Перез, Роналдо не е ниту план Б за тимот од Мадрид?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез верува дека клубот може да направи подобри потези од враќањето на Кристијано Роналдо. Португалецот дефинитивно ќе го напушти Јувентус на лето, „Старата дама“ нема пари да му плати уште една година, а доколку не го продаде сега, тогаш Јуве ќе остане без обештетување.

Челниците на клубот од Торино заради ваквата причина сакаат да направат трансфер на Роналдо и да дојдат до пари со што би можеле и да ги решат делумно финансиските проблеми во клубот. Сепак, Флорентино Перез смета дека Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд се подобри опции и не треба да заборавиме дека тука се и Еден Азар и Карим Бензема, па затоа постои потенцијална „гужва“ и конкуренција во нападот.

Мбапе сигурно ќе биде првата желба, а Перез не сака да се откаже ниту од Халанд. Со евентуално доаѓање на Роналдо во Реал, патот до двајцата далеку помлади играчи, кои со сигурност ќе ја одбележат следната деценија, ќе биде отежнат и блокиран.

Останува да се види дали ќе има некои пресврти, бидејќи ако Мбапе реши да остане до крајот на договорот во ПСЖ, односно до 2022 година, а Халанд ја избере Барселона или некој трет клуб, Перез тогаш би можел да го донесе Роналдо како привремено решение за една година.

Сепак, како што стојат работите засега, Роналдо не е ниту „Б опција“ за Флорентино Перез.

Се вчитува...