Младиот и суперталентиран ракометар Андреј Георгиев е нов член на Еурофарм Пелистер 2, откако денеска официјално потпиша договор со битолскиот клуб за следната сезона.
Георгиев важи за еден од најголемите проекти од младинската школа на битолчани. Тој го привлече вниманието на јавноста со блескавите партии во кадетските категории, а неговиот раскошен голгетерски потенцијал кулминираше на квалификацискиот турнир за Ф4 во Лигата на шампионите, каде што на мечот против Алборг постигна дури 12 погодоци.
„Битолчанецот Андреј Георгиев од наредната сезона (3 години) ќе тресе мрежи за Еурофарм Пелистер 2. Кадетскиот репрезентативец кој оваа година доминираше на позицијата десно крило и скоро на секој натпревар кој го одигра беше најдобар стрелец“, стои во соопштението на Е. Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
