Е. Пелистер и следната сезона ќе биде дел од елитата!

Македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер доби специјална покана од Европската ракометна федерација (ЕХФ) за настап следната сезона во Лигата на шампионите.

Покрај македонскиот шампион вајлд-кард добија и: Пик Сегед, Нант, Кјелце, ГОГ Гудме и Колштад.

Сигурно учесници во елитата и пред денешниот ден беа: Магдебург, Фуксе Берлин, Барселона, Спортинг Лисабон, ПСЖ, Динамо Букурешт, Веспрем, Алборг, ППД Загреб, Висла Плоцка.

Ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26 ќе се одржи во петок, 27 јуни, со почеток од 15 часот во Виена. Во оваа фаза ќе учествуваат 16 екипи, кои ќе бидат поделени во две групи по осум тимови.

Оваа информација е одлична и за останатите македонски клубови. Тоа значи дека Вардар како вицешампион ќе игра директно во групната фаза од Лигата на Европа, додека Алкалоид има право да биде дел од квалификациите од ова натпреварување.

Се вчитува...