Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави шеширите за утрешната ждрепка во Лигата на шампионите во која е и македонскиот шампион Е. Пелистер.
Битолскиот клуб ќе биде сместен во третиот шешир. Ждрепката ќе биде полудиригирана, две екипи од иста држава нема да можат да играат меѓусебе во групната фаза, па затоа во вториот шешир се наоѓаат пет екипи и тоа од државите што ќе имаат по два претставника.
1. ШЕШИР: Берлин, Барса, ПСЖ, Алборг, Висла, Веспрем
2. ШЕШИР: Магдебург, Нант, ГОГ, Келце, Сегед,
3. ШЕШИР: Е. Пелистер, Динамо, Спортинг, Колстад, Загреб,
Ждрепката ќе се одржи утре со почеток од 15 часот, а сезоната стартува на 10. септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА