Е. Пелистер се намачи, но го совлада Бутел

Шампионот Еурофарм Пелистер со планираните три бода се враќа од гостувањето кај екипата на Бутел, откако го совлада со 32-30. Сепак, треба да се има во предвид дека битолчани добро се намачија да дојдат до победата, со оглед дека во одредени делови од првиот дел беа во негатива, а на полувреме се замина со „егал“ 13-13.

Дури на почетокот на вториот дел битолчани дојдоа до првата предност од овој натпревар. Шампионот во вториот дел делуваше далеку подобро, и успеа да направи разлика од шест гола, по која немаше враќање.

Бутел се обиде во финишот да направи сензација, меѓутоа беше тешко против составот од Битола, кој ја задржа предноста и на крајот славеше триумф.

Петровиќ со осум гола беше најефикасен кај победничкиот тим, додека ист број на голови постигна и Николов од домашниот тим.

Се вчитува...