Е. Пелистер се збогуваше со четири ракометари

Актуелниот вицешампион E. Пелистер со заедничка вечера официјално ја спушти завесата на натпреварувачката сезона 2025/26. По завршувањето на последниот суперлигашки натпревар против екипата на Алкалоид, раководството на клубот организираше собир за сите ракометари и членови на стручниот штаб.

Битолскиот тим зад себе остава динамична година во која заврши на втората позиција во домашниот шампионат. На меѓународна сцена, пелистерци покажаа конкурентни партии во Лигата на шампионите, каде им избега историски пласман во нокаут фазата.

Клупските челници ја искористија оваа прилика јавно да им се заблагодарат на сите професионалци за трудот и залагањето. На ракометарите кои по завршувањето на договорите си заминуваат од Битола (Илија Абутовиќ, Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ, Домен Тајник), претставниците на клубот им доделија пригодни подароци и им посакаа успех во понатамошните кариери.

„Спортските разделби се емотивни, посебно кога се последица на нови проекти, нови почетоци, нови предизвици. Но, кога веќе мора и треба да се случат – ќе ги паметиме многубројните добри спомени, освоени трофеи, постигнати голови, склучени пријателства. Битола и РК Еурофарм Пелистер ви е благодарен од срце и наклон до под! Нашиот дом секогаш ќе биде и ваш дом!“, велат од таборот на пелистерци.

Се вчитува...