Е. Пелистер со минимална победа над Крка

Македонскиот ракометен вицепрвак Е. Пелистер забележа уште една победа во рамките на подготвителниот период за новата сезона. Битолчани во неизвесен натпревар успеаја да ги одмерат силите и да слават над тимот на Крка со минимални 34-33.

Ова е уште еден контролен дуел за избраниците на новиот стратег Лино Червар, по претходната проверка против репрезентацијата на Катар, која е предводена од Веселин Вујовиќ. „Пелистерци“ ги користат овие средби за воигрување на тимот кој претрпе сериозни измени во играчкиот кадар. Имено, клубот летово го напуштија петмина ракометари, додека во Битола пристигнаа осум нови засилувања.

Предводникот Червар и неговите момци ги очекува бурно темпо во новата сезона, каде покрај обврските на домашната сцена, ќе го претставуваат македонскиот ракомет и во рамките на Европската лига.

Се вчитува...