Ракометниот шампион на Македонија, Е. Пелистер има негатива од 13-17 на домашен терен против Барселона во натпревар од 5. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
И двете екипи одлично отворија во одбраната па по три минути игра нашиот шампион имаше минимална предност од 1-0 со голот на Дејан Манасков. На влезот на четвртата минута гостинот израмни на 1-1 со голот на Баруфет од пенал, а пелистерци останаа и со играч помалку по исклучувањето на Хенигман.
Во следниот период се играше гол за гол, па по десет минути резутатот на семафорот во „Боро Чурлевски“ изнесуваше 6-6. Гостите првпат стигнаа до плус два на влезот на дваесетата минута со голот на Фабрегас (9-11). Продолжи одличната игра на гостите па во 25. минута за првпат стигнаа и до плус пет 10-15. До крајот на првиот дел Каталонците ја задржаа предноста и на пауза заминаа со позитива од 13-17.
Дејан Манасков со четири гола е најпрецизен кај нашиот шампион, додека кај гостинот Махуц постигна пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

